Поврзи се со нас

Фудбал

Чави Мартинез го напушта Баерн

Минхен, 22 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска Хави Мартинез го напушти Баерн (Минхен), тврди новинарот на „Билд“, Кристијан Фолк.

Триесет и две-годишниот Баскиец сака да се врати во Атлетик Билбао, чии бои ги бранеше од 2006 до 2012 година, пред да се пресели кај Баварците.

Надоместокот за трансфер ќе биде 10 милиони евра.

Минатата сезона, Мартинез одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, добивајќи 3 жолти и 1 црвен картон.

Со Баерн (Минхен) ја освои 8 пати Бундеслигата, 5 Купови и 3 Суперкупа на Германија, два пати го крена трофејот во Лигата на Шампионите, Суперкупот на Европа и Светско клупско првенство.

Advertisement