Фудбал
Чави откри зошто ја одбил Барселона
Чави бил првиот избор за наследник на Валверде, но преговорите водени во Доха биле завршени без успех, па за нов тренер е именуван Кике Сетјен.
Легендарниот фудбалер на каталонскиот тим ги откри причините.
-Беше прерано да станам тренер на Барселона и поради тоа не ја прифатив понудата, вели Чави, додавајќи:
-Го сакам новиот тренер, го сакам неговиот начин на работа и се надевам дека ќе успее со екипата.
Чави 17 години беше играч на Барса освои 25 трофеји, а воедно е играч со најмногу одиграни натпревари во дресот на каталонскиот тим.
Во моментов тој е тренер на катарски Ал Саад.