Connect with us

Фудбал

Чави шокиран од обвинувањата кон Барселона: Судиите никогаш не ни помагаа!

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона и официјално е под истрага поради сомнение за поткуп на судии, а актуелниот тренер и поранешен играч на каталонскиот тим Чави е шокиран од обвинувањата.

Судот во Барселона вчера го потврди обвинението против Барселона за поткуп на судии во случајот „Негреиро“ и поради тоа им се заканува исфрлување од Европа. Барселона е обвинета дека нивните лидери платиле вкупно 8,4 милиони евра од 2001 до 2018 година на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската комисија за судии и неговата приватна фирма, а тој пак делегирал судии кои одговараат на Барселона и гарантирал дека ќе судат во нејзина корист.

Полицијата вчера упадна во седиштето на Шпанскиот фудбалски сојуз и одзеде одредени документи. Во пресрет на дуелот со Севиља, тренерот Чави на вчерашната прес-конференција отфрли секаква можност за вина на неговиот клуб во периодот додека беше играч на каталонскиот гигант. „Секоја недела има некои нови вести за тоа, и сите знаат што мислам за тоа. Погледнете ја само архивата на весниците. Судиите никогаш не нè „туркале““, изјави Чави.