Connect with us

Фудбал

Чави со убави зборови за Дембеле по изненадувачкиот пораз од Кадиз

Напаѓачот Усман Дембеле беше единствениот кој доби пофалби од главниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, по поразот од Кадис со 0-1 во 32. коло од Шпанското фудбалско првенство. „Она што го генерира Усман, речиси никој друг не го прави. Но, ние мораме да го искористиме тоа во последната фаза од нападот“, изјави Чави за 24-годишниот Французин.

Дембеле одигра цел натпревар за Барселона, но не успеа да потпише против Кадиз во понеделникот вечерта. Неговата иднина во каталонскиот гигант останува нејасна, а актуелниот договор му истекува на лето.

Барселона, пак, остана на второто место во Ла Лига со 60 бодови и не успеа да се оддалечи од Севиља и Атлетико Мадрид, кои исто така имаат по 60 бодови.