Фудбал
Чави уште повеќе го потпали огнот: Меси повторно во Барселона, зошто да не? Може додека сум јас тренер
Лионел Меси ќе биде пречекан со раширени раце доколку одлучи да се врати во Барселона од ПСЖ ова лето, a Чави признава дека зависи од неговиот поранешен соиграч.
На капитенот на Аргентина, победникот на Светското првенство му истекува договорот на лето по две сезони во ПСЖ, откако ја напушти Барселона како слободен играч во јули 2021 година.
Откако влезе во форма во Франција по неубедливиот почеток, седумкратниот освојувач на Златната топка Меси би можел да се врати во Шпанија на 35-годишна возраст, нешто што Чави не го исклучува како невозможно.
-„Зошто да не? (за можното враќање на Меси) Мислам дека тоа зависи од него, изјави Чави.
-Се разбира, Барселона е секогаш дом на Меси. Вратите ќе се отворат за Лео, особено ако јас сум тренер овде, вели Чави.