Connect with us

Фудбал

Чеферин: Следиме сè околу коронавирусот и во моментов нема одложување на натпреварите во ЛШ

Јувентус беше поразен со 1:0 од Лион во нивниот прв натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите.

Лион успеа да направи големо изненадување со победата против Јувентус, кој е еден од фаворитите да го освои трофејот во ова натпреварување. Но, Јуве прикажа навистина лоша игра и мора да се признае дека Лион заслужено славеше.

Реваншот на овие екипи ќе се одигра на 17 март во Торино, но овој натпревар во моментов е под знак прашалник поради епидемијата на коронавирус која владее во северна Италија изминативе десетина дена.

Веќе има многу шпекулации дека натпреварот ќе се игра пред празни трибини или дури и на неутрален терен, но сè уште нема официјална потврда. Натпреварот се игра за две недели и УЕФА сè уште не го разгледува овој натпревар и се надеваат дека ситуацијата со коронавирусот ќе се смири.

На крајот на краиштата, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека сè уште е рано да се зборува за овој натпревар, но дека ситуацијата внимателно се следи.

„Ние многу внимателно следиме се што се случува со епидемијата на коронавирус. Во моментов нема ништо за откажување натпревари. Ние го следиме развојот на ситуацијата во сите земји кои имаат претставници во европското натпреварување во нокаут фазата и сигурно ќе ја знаете секоја одлука“, рече Чеферин.