Connect with us

Фудбал

Чеферин за Реал, Барса и Јуве: Три клуба мислат дека Земјата е рамна, ќе бидат жестоко казнети

Првиот човек на УЕФА најави жестоки казни за трите клуба кои се уште не се откажале од идејата за Суперлигата. Тоа се Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Како што вели Александар Чеферин останаа уште три клуба кои мислат дека Земјата е рамна.

-Англиските екипи први се повлекоа со признание дека згрешиле. Морате да имате одредена големина во себе и да кажете дека сте згрешиле. Потоа доаѓаат Интер, Атлетико Мадрид и Милан кои исто така се покајаа за својата постапка. Останаа три клубови кои мислат дека Земјата е рамна и кои мислат дека Суперлигата уште постои, изјави Чеферин.