Connect with us

Фудбал

Челниците на Дортмунд веќе знаат за кој клуб ќе потпише Ерлинг Халанд

Ерлинг Халанд најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд на крајот на оваа сезона.

Халанд игра во неверојатна форма веќе неколку сезони и многумина го сметаат за еден од најдобрите напаѓачи во Европа во моментов.

Иако има договор со Дортмунд, се очекува Норвежанецот да го смени клубот на лето, бидејќи и самиот призна дека е време за нов предизвик во кариерата.

Тој во договорот со Дортмунд има клаузула според која на крајот од оваа сезона може да оди за 80 милиони евра, а интерес да го доведат Халанд во своите редови покажаа речиси сите европски великани.

Сепак, веќе неколку дена многу се пишува за тоа дека веќе е јасно каде Халанд ќе ја продолжи кариерата и како стојат работите, тоа ќе биде Манчестер Сити.

Германските медиуми денеска потврдија дека веќе е извесно оти Халанд ќе отпатува на „Етихад“, а новиот клуб ќе има нереална плата од 600.000 евра неделно, со што германскиот клуб ни оддалеку не може да се справи.

Угледниот Билд вечерва објави дека челниците на Дортмунд се свесни дека нема да го задржат Халанд и дека наводно веќе знаат дека тој ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Сити и дека веќе договорил се со овој клуб.

Покрај 80-те милиони евра отштета што ќе ја добие Дортмунд, јасно е дека Манчестер Сити ќе им плати и големи бонуси на Мини Раиоли и таткото на Халанд, Алф-Инге, кои преговараат со Граѓаните.