Connect with us

Фудбал

Челниците на ПСЖ: Ние сме огорчени од незрелите зборови

„Ние сме многу огорчени од незрелите зборови што се изговорени на шоуто  на „L’Equipe du soir“. Гледајќи дека тие потекнуваат од луѓе кои ни даваат долгогодишни предавања за вредностите на спортот и животот, ние сме изненадени од просечноста на тие зборови“.

„Сопругата на Маркињос веќе два дена е во болница, чекајќи да се породи и клубот одлучи да му овозможи на играчот да остане со неа. Им честитаме на Маркињо и неговата сопруга, за синот“.

Ова беше официјален одговор на ПСЖ на шоуто на „L’Equipe“, во кое новинарите и коментаторите го исмеваат дефанзивецот на клубот и неговиот избор да остане близу до неговата жена и да не биде во составот за натпреварот против Монпелје.

Несоодветни и засрамувачки зборови, особено оние на поранешниот тренер Гај Рукс ја предизвикаа реакцијата на францускиот клуб.