Connect with us

Фудбал

Челси го привлече новиот Ван Дајк

Лондон, 21 август 2020 (МИА) – Тимот на Челси го привлече холандскиот централен дефанзивец Хавиер Мбујамба, кој според многумина се смета за новиот Вирџил Ван Дајк. 18-годишниот дефанзивец потпиша 3-годишен договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“, со што стана трет дојдовен трансфер за Френк Лампард ова лето по Хаким Зиеш од Ајакс и Тимо Вернер од РБ Лајпциг.

Мбујамба ја започна својата кариера во МВВ Мастрихт пред да се приклучи на школата во Барселона во 2019 година. Една година подоцна во Шпанија, централниот дефанзивец го раскина договорот со екипата од „Камп Ноу“ за да му се приклучи на Челси. Интересно е што тинејџерот не тргна по традиционалниот пат во Холандија, каде талентиран млад играч го привлекува вниманието на некои од најголемите во земјата Ајакс или ПСВ Ајндховен.

Наместо тоа, Мбујамба се крена во редовите на холандската Втора лига со Мастрихт и никогаш не доби повик да ја претставува својата татковина како младинец.

– Чудно е што Ајакс и ПСВ Ајндховен никогаш не ме бараа, но истото важи и за репрезентацијата на Холандија. За прв пат бев повикан во ноември 2019 година. Тренерскиот тим веднаш ми рече дека е чудно што не сум бил забележан претходно, изјави Хавиер Мбујамба за РТЛ.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com