Connect with us

Фудбал

Челзи дава 90 милиони евра, Јунајтед 95, а Сити 100 милиони… битката е за ѕвезда на Хрватска

Во канцелариите на РБ Лајпциг пристигнаа три понуди за централниот дефанзивец Јошко Гвардиол. 20-годишниот хрватски интернационалец прави вистински бум на Светското првенство во Катар и во голема мера е заслужен за добриот настап на „коцкастите“.

Footmercato пренесува дека три англиски тима лицитираат за правата на играчот. Најниска е понудата на Челзи, кој е подготвен да плати 90 милиони евра, 5 милиони повисока е понудата на Манчестер Јунајтед, а Манчестер Сити нивната ја заокружи на 100 милиони евра. Ова значи дека Гвардиола би можел да стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот доколку се оствари таков договор.

Гвардиол е роден во Загреб и првпат влета во машкиот тим на Динамо во 2019 година, пред да биде продаден на РБ Лајпциг за 19 милиони евра, но сепак да биде позајмен назад во Динамо. Сепак, тој оваа сезона беше редовен во Бундеслигата и забележа 13 настапи. На СП 2022 играше без промена на апсолутно сите натпревари на Хрватска, а куриозитет е што пред Мундијалот имаше само 12 натпревари за репрезентацијата.