Connect with us

Фудбал

Челзи едвај триумфираше, Лацио со два црвени, Краснодар подобар од Севиља

Стрелцитре во Лига Европа беа многу расположени за игра, така што не видовме натпревар без голови.

Таму каде што очекувавме да има повеќе голови, имаше минимално, само еден, а тој натпревар беше одигран на Стемфорд Бриџ, каде Челзи со 1: 0 го порази Мол Види.

Унгарскиот гигант одлично се бранеше на Стемфорд Бриџ. Во нивна корист беше и тоа што Алваро Мората повторно се изнапромашува, но Шпанецот успеа да постигне гол за 1: 0 во 70. минута за конечна победа.

Лацио беше поразен од Ајнтрахт во Франкфурт со 4: 1, а римскиот тим го заврши натпреварот со два играчи помалку.

Да Коста му донесе предност на домаќинот по само четири минути од играта, а во 23. минути, Пароло изедначи на 1: 1.

Пет минути подоцна Костиќ постигнува гол за новото водство на домашниот тим (2: 1), а Лацио на крајот од првото полувреме остана без Душан Баста кој доби втор жолт картон.

Јовиќ во 52 минута постигна гол за 3: 1, а по исклучувањето на Кореа во 59. минута, беше јасно дека враќање во игра повеќе не е можно и домашната екипа полека го завршуваше натпреварот, а Да Коста во судиското надополнување постигна уште еден гол за 4: 1 и го постави конечниот резултат.

Краснодар ја совлада екипата на Севиља со 2:1. Гостите први дојдоа до водство од 1:0 со автоголот на Каборе во 43. минута од натпреварот.

Меѓуоа, во второто полувреме Краснодар играше значително подобро, создаваше шанси и на крајот успеа да стигне до пресврт. Резултатот го изедначи Переира во 72. минута од натпреварот, а кон самиот крај на натпреварот, односно во 88. минута Окриашвили со прекрасен гол ги постави конечните 2:1.

Лига Европа, 2. коло:

Аполон – Олимпик Марсеј 2: 2
Бате- ПАОК 1: 4
Челзи – Видеотон 1: 0
Франкфурт – Лацио 4: 1
Јаблонец – Динамо Киев 2: 2
Краснодар – Севиља 2: 1
Малме – Бешикташ 2: 0
Ренџерс – Рапид Виена 3: 1
Сарпсбориј – Генк 3: 1
Спартак Москва – Виљареал 3: 3
Стандард Лиеж – Акисар 2: 1