Connect with us

Фудбал

Челзи ги избрка расистите кои го навредија Стерлинг

Лондонскиот премиерлигаш Челзи и официјално им забрани влез на “Стемфорд Бриџ” на неколку лица кои расистички го навредуваа крилниот напаѓач Рахим Стерлинг за време на првенствениот дуел против екипата на Манчестер Сити. Станува збор за четири машки лица кои имаа седишта во близина на корнер знаменцето.

Фановите, но и неколку фудбалски легенди како Рио Фердинанд и Јан Рајт, останаа во шок откако ја погледнаа видеоснимката на која јасно се гледа и слуша како еден навивач на Челзи му се обраќа на Стерлинг со зборовите: “Е*ена црна п*чка”.

  • Челзи секој облик на дискриминаторско однесување го смета за одвратно, стои во официјалното соопштение во кое пишува и дека е започната полициска истрага.

Официјално соопштение објави и актуелниот шампион на Англија, кој ја поздрави одлуката на Челзи.

  • Клубот и Стерлинг веќе соработуваат со Челзи и со надлежните институции кои продолжуваат со истрагата околу инцидентот кој се случи за време на натпреварот. Исто така, ние сме подготвени да соработуваме со сите организации кои имаат за цел да го елиминираат расизмот во фудбалскиот свет, пишува во официјалното соопштение.

По натпреварот, репрезентативецот на Англија изјави дека им се смеел на тие луѓе затоа што не очекувал ништо подобро од таквите навивачи.