Connect with us

Фудбал

Челзи го објави трансферот на Хаверц

Лондон, 4 септември 2020 (МИА) – Германскиот играч за врска Каи Хаверц стана играч на Челзи. Ова вечерва е објавено на официјалната веб-страница на клубот од Лондон.

Претходно Хаверц играше за Баер Леверкузен.

Договорот на играчот е на пет години. Германецот стана четврта аквизиција на „сините“ во меѓусезоната, ако не се смета Маланг Сара, кој замина на позајмица веднаш по трансферот. Претходно, на тимот му се придружија Хаким Зиех, Бен Чилвел и Тијаго Силва.

Дваесет и едногодишниот Хаверц минатата сезона одигра 45 натпревари за Баер Леверкузен и постигна 18 погодоци со девет асистенции. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com