Connect with us

Фудбал

Челзи го отпушти Томас Тухел

Челзи објави отказ за Томас Тухел. Германскиот стручњак се раздели со својот пост по поразот од Динамо Загреб со 0:1 во Лигата на шампионите.

49-годишниот Тухел остана на чело на Челзи точно сто натпревари, во кои оствари 60 победи, 24 нерешени и 16 порази.

„Во име на сите во ФК Челзи, клубот сака да ја изрази својата благодарност до Томас и неговиот тим за сите нивни напори за време на неговиот престој во клубот. Томас со право ќе има место во историјата на Челзи откако ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот и Светското клупско првенство за време на неговиот престој тука“, се вели во официјалното соопштение на лондонскиот клуб.

„Додека новата сопственичка група наполни 100 дена од преземањето на клубот и додека тие продолжуваат да работат напорно за да го подигнат клубот напред, новите сопственици веруваат дека е вистинското време да се направи оваа транзиција“, се додава во соопштението на Челзи.

„Тренерскиот штаб на Челзи ќе ја преземе одговорноста за тренинзите на тимот и подготовките за нашите претстојни натпревари додека клубот се подготвува да назначи нов тренер. Нема да има дополнителни коментари додека не биде назначен нов тренер“, се вели во соопштението на Челзи.