Connect with us

Фудбал

Челзи и Дортмунд почнаа преговори за Пулишиќ

Раководството на Челзи започна преговори со колегите од Борусија Дортмунд за офанзивниот халф Кристијан Пулишиќ. Се чини дека Американецот ќе го напуштат „жолто-црниот“ тим, откако одби да го обнови договорот со клубот.

Интерес кон 19-годишниот фудбалер не недостига, а во моментов единствената цел на Дортмунд е да извлече што повеќе пари за него.

Од Борусија поставија цена на Пулишиќ, која изнесува 65 милиони фунти.

Интерес кон него има и од Ливерпул, но Челзи е првиот клуб што ќе влезе во преговори за услугите на играчот.