Фудбал
Челзи и Манчестер Јунајтед подготвуваат нова размена на играчи
Нов договор на линија Манчестер Јунајтед-Челзи може да се случи ова лето, објави „Мирор“.
Договорот, ако биде извршен, ќе чини околу 80 милиони фунти и ќе ги вклучи Антони Марсијал и Вилијан.
„Сините“ од Лондон покажуваат сериозен интерес за францускиот офанзивен фудбалер кој се поретко добива шанси за докажување кај Жозе Мурињо, а информации од Франција велат дека веќе одбил да потпише нов пет годишен договор без гаранции за повеќе време на теренот.
Во меѓувреме, Мурињо сè уште има силна желба да го привлече Вилијан кај „црвените ѓаволи“, кој е еден од неговите поранешни фудбалери.
Се верува дека Јунајтед ќе бара околу 40 милиони евра за францускиот напаѓач, додека Вилијан вреди исто толку, па сумата на договорот ќе биде околу 80 милиони евра.
Сепак постои голема веројатност сличен трансфер да биде ставен на чекање додека во Челзи одлучат дали Антонио Конте ќе остане на чело на тимот или ќе биде баран нов менаџер.