Connect with us

Фудбал

Челзи има План Б

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Челзи подготвиле резервна опција доколку не биде реализиран веќе најавениот трансфер на Гонзало Игуаин, пренесува „Скај Спортс“.

Според истиот медиумот, „сините“ имаат намера да ги осигураат услугите на напаѓачот на Борнемут, Калиф Вилсон, но тоа ќе се случи само доколку пропадне трансферот на Аргентинецот.

Лондонските “сини” имаат намера да платат 50 милиони фунти за обесштетувањето на Вилсон, кој постигна девет погодоци во актуелната сезона.