Connect with us

Фудбал

Челзи купува во Мадрид, Зидан може да ја загуби ѕвездата

Првото име што го сака тренерот Френк Лампард е играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско. Клупата број еден на лондонскиот клуб е убедена во Шпанецот и е подготвена да понуди 46 милиони евра за да го убеди Реал.

Иско се прероди под водство на Зинедин Зидан, при што францускиот техничар му дава лидерска улога во составот. Неговата иднина останува во сомнеж, бидејќи 27-годишниот фудбалер никогаш не ја напушти Шпанија, со тоа што за Реал одигра 13 натпревари оваа сезона. Тој играше и на натпреварот против Барселона на „Камп Ноу“ и забележа одлична партија.

„Ел Десмаракс“ пишува дека не само Челси е заинтересиран за услугите на Иско, туку и Арсенал. Артета гледа во него идеална замена за Месут Озил, со единствена разлика што Шпанецот е поагресивен во притисокот.