Фудбал
Челзи нема да му пречи на Аспиликуета за Барселона, иако тој го продолжи договорот
Челзи нема да му застане на патот на капитенот на тимот Цезар Аспиликуета доколку сака да се пресели во Барселона на лето. Договорот на 32-годишниот дефанзивец со лондончани е продолжен за една година еднострано, бидејќи клаузулата за тоа автоматски се активира во моментот кога Шпанецот ќе ја премине границата од 30 одиграни натпревари оваа сезона. Во моментов клубот не може да им понуди нови договори на играчите, бидејќи санкциите против сопственикот Роман Абрамович не го дозволуваат тоа.
Иако Челзи е во подобра позиција поради ситуацијата со споменатата клаузула, според „Марка“ клубот му ветил на играчот дека на лето може да замине без трансфер сума во знак на благодарност од клубот за верноста на Аспиликуета. кој десет години во клубот го освои апсолутно секој можен трофеј со Челзи.
Барселона има многу сериозен интерес за Аспиликуета, а во добри околности Чави Ернандез може да го засили дефанзивното вратило на Барселона со тројца играчи на европскиот шампион. Андреас Кристенсен, чиј договор со Челзи истекува на лето, веќе постигнал договор со Каталонците кои во моментов преговараат и со Антонио Рудигер кој исто така на лето ќе биде слободен играч.