Фудбал
Челзи носи поранешен Англиски репрезентативец како помош за Мората
Антонио Конте и Челзи не се согласуваат со кој играчи треба да се доведат. Челзи се очајни за трансфери во јануари да се вратат во Премиер Лигата и ЛШ, а островските медиуми вечерва ја објавија приказната за интересот на Челзи за поранешен англиски репрезентативец, чии кариера се спушта надолу.
Со оглед на тоа дека станува се посигурен дека Конте ќе остане без Батшуај, кој сака поголема минутажа пред претстојниот Мундијал, му треба резервен напаѓач за Мората. Прво име е Енди Керол, кој не е стандарден во Вест Хем. Конте сака моќен напаѓач да влезе од клупата и да игра кога му е потребна пауза на Мората, а Керол се вклопува во тој профил.