Фудбал
Челзи нов кандидат за потписот на Лаутаро Мартинез
Челзи, наводно, е најновиот клуб кој е заинтересиран да го обезбеди потписот на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, за време на летниот преоден рок.
Италијанскиот весник „КалчоМеркато“ пренесува дека лондончаните се подготвени да испратат понуда до Интер, а во неа, покрај пари да бидат вклучени Емерсон Палмер или Марко Алонсон во договор за Лаутаро Мартинез.
Тренерот на Интер, Антонио Конте претходно соработувал со Алонсон, додека беше во Челси. Сепак, останува да се види дали Конте ќе биде подготвен да жртвува еден од клучните играчи на Интер.
Аргентинскиот напаѓач има клаузула од 111 милион фунти за раскинување на договорот со Интер, а оваа клаузула важи само за клубови надвор од Италија.
Во петокот италијанските медиуми објавија дека Мартинез се надева дека ќе обезбеди трансфер во шпанскиот гигант Барселона бидејќи сака да игра заедно со неговиот сонародник Лионел Меси и ќе отфрли каква било друга понуда.
Мартинез има постигнато 16 голови за Интер во сите натпреварувања во текот на оваа сезона.