Connect with us

Фудбал

Челзи потешко од очекувањата го победи Ал-Хилал и се пласираше во финалето

Фудбалерите на Челзи вечерва го совладаа Ал-Хилал со 1:0 во полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство.

Лондонскиот клуб вечерва потешко од очекувањата успеа да го совлада Ал-Хилал и да се пласира во финалето каде ќе игра против бразилски Палмеирас.

Првата шанса на мечот Челзи ја имаше во 11. минута кога шанса имаше Зијех, но шутираше над голот. После тоа Ал-Хилал се ослободи од одреден притисок, но во 32. минута овој тим капитулираше.

Сините со многу среќа успеаја да поведат во 32. минута. Хаверц нафрли од левата страна, а топката од еден од дефанзивците на противничката екипа се одби до Лукаку, кој лесно од неколку метри погоди за 1:0.

Се чинеше дека на Челзи тогаш многу полесно ќе дојде до победа и уште еден гол, но тоа не се случи.

Повторно добра шанса имаше Челзи во 49. минута. Овојпат Хаверц одлично мина низ одбраната и одлично шутираше, но ја погоди стативата. Зијех повторно се закани во 62. минута со удар од врвот на шеснаесетникот, но топката отиде покрај голот.

Ал-Хилал тогаш можеше да го казни Челзи за промашувањата. Првата шанса овој тим ја имаше во 64. минута кога Марега излезе сам на голманот, но Кепа брилијантно го запре неговиот удар.

Фудбалерите на Ал Хилал потоа тргнаа напред. Нова шанса имаа пет минути подоцна преку Кан, чиј удар повторно го одбрани одличниот Кепа. Поминаа 71 минута кога имаше одлична шанса за водство на Ал Хилал. Переира се обиде, но топката помина покрај голот на Челзи.

Челзи потоа повторно успеа да ја смири играта. Сините се заканија во 80. минута кога Лукаку брилијантно мина и го ангажираше Маунт кој шутираше покрај голот.

До крајот на натпреварот резултатот не се промени и Челзи успеа да слави со 1:0 и да се пласира во финалето каде ќе игра против Палмеирас.