Connect with us

Фудбал

Челзи пронајде засилување во Турција?

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, планира да донесе нов голман на крајот на сезоната.

Лампард одамна нема трпеливост за „единицата“ на Челси, Кепа Аризабалаг и е одлучен да најде ново решение на голманската позиција на крајот на сезоната.

Челзи, наводно, ќе се обиде да извлече најмалку 60 милиони евра за најскапото засилување во историјата, а дел од тие пари ќе бидат за да го донесат турскиот голман Угурчан Чакир од Трабзонспор.

Со одличните настапи, 23-годишниот Чакир, во меѓувреме, стана и играч на националниот тим на Турција, при што скаутите на Челзи го следат некое време, а Лампард, наводно, добил само најдобри препораки.

Исто така, заинтересиран е и Ливерпул, но идејата да замине на „Енфилд“ не е примамлива, особено затоа што тој веројатно би седел на клупата.