Фудбал
Челзи против Реал Мадрид сонува одмазда, ама сон и јаве се различни нешта!
Вечерва од 21:00 часот на програмата се два четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, Реал Мадрид – Челзи и Милан – Наполи. Актуелниот европски шампион Реал на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека лондонскиот клуб кој ќе има можност да се реваншира за елиминацијата од минатата сезона. Тогаш Челзи имаше капитална предност во реваншот 3:0, но патот до голот најдоа Родриго и Карим Бензема и на „кралскиот клуб“ му обезбедија полуфинале. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти на вечерашната средба нема да може да смета на Ферлан Менди, кој долго време е повреден, додека под знак прашалник е и настапот на Давид Алаба.
На претходните пет средби меѓу овие екипи, Реал во три наврати победи, Челзи на два, додека еден натпревар заврши нерешено. Кога зборуваме за резултатот меѓусебно на тренерите, двајцата се победија по еднаш. Потенцијални состави:
Реал Мадрид: Куртоа – Карвахал, Милитао, Ридигер, Камавинга – Чуамени, Крос, Модриќ – Винисиус, Родриго, Бензема
Челзи: Кепа – Чилвел, Џејмс, Фофана, Кулибали – Ковачиќ, Фернандез, Канте – Феликс, Стерлинг, Хаверц