Connect with us

Фудбал

Челзи тактикчки го краде Герет Бејл од Жозе Мурињо

Со интересот на Реал Мадрид за Мауро Икарди, екипата од Лондон се спремни да искористат можност да го доведат Герет Бејл.

Шпанските медиуми денеска информираат дека лондонскиот тим е сериозен кандидат по завршувањето на сезоната, да го доведе во своите редови фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, но и неговиот опонент од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се решени следното лето да издвојат поголема сума за услугите на велшкиот репрезентативец.

Според информациите, од Реал се подготвени да му дозволат на Бејл да замине од „Сантијаго Бернабеу“, особено откако Велшанецот сезонава постојано се соочува со повреди, повреди што има само четири настапи стартниот состав на „Кралевите“ во Ла Лига.

Не постои сомнеж во квалитетите на Бејл, но неговиот веќе континуиран проблем со повредите, е главна причина за фрустрација во „кралскиот клуб“, со што во сенка паѓа неговиот можен придонес за екипата.