Фудбал
Челзи веќе е победник на преодниот рок, а „виновна“ е Марина
Иако не се знае се уште кога почнува, како ќе изгледа и колку ќе трае преодниот рок, сепак Челзи се чини дека го состави тимот за следната сезона. „Сините“ во текот на паузата со коронавирусот не седеа со скрстени раце, па одлучија на тренерот Лапмард да му донесат неколку звучни имиња. Веќе во зимскиот преоден рок го договорија Хаким Зијеш од Ајакс, а се чини дека завршиле работа и со суперталентираниот и најбараниот напаѓач во Европа, Тимо Вернер од Лајпциг.
Челзи го победи Ливерпул во трката и ќе ја исплати откупната клаузула од 54 милиони евра, најверојатно во две рати. Богат договор ќе добие напаѓачот околу 10 милиони фунти годишно, а за се е „виновна“ директорката Марина Грановскаја.
Една од ретките дами на раководни позиции во фудбалот, веќе со години бријилира на „Стемфорд Бриџ“ и ќе видиме дали Тимо Вернер ќе биде уште една зделка со која ќе се прослави.
Токму таа е „виновна“ за ангажирањето на Еден Азар, а потоа продажбата од 100 милиони, но и заработката од 50 милиони при продажбата на Давид Луиз и уште 60 милиони на Оскар.
Но, имаше и промашување, како што е Бакајоко за 40 милиони од Монако. Но, се чини дека прилично добро си ја знае својата работа.