Ракомет
Червар: Вардар е европски шампион, а Македонија од тоа нема никаква корист
Хрватската ракометна репрезентација започна со подготовките за претстојното Европско првенство кое ќе започне некаде кон средината на јануари следната година, а ќе се одри во Австрија, Норвешка и Данска.
Червар веќе го направи потесниот избор на играчи кои ќе ги бранат боите на Хрватска на претстојното Европско првенство, а во интервју за тамошните медиуми, Хрватот зборуваше и за македонскот ракомет, односно што доби Македонија од двете титули на Вардар во Лигата на шампионите
„Нам ни треба стратегија за развој. Треба да се движиме по примерот на Скандинавците. Ние сè уште не знаеме дали ќе бараме победи или вистински развој на младината. Треба да одлучиме дали ќе форсираме клуб или репрезентација. Ете чист пример е Вардар. Тој е европски шампион, а Македонија од тоа нема никаква корист. Тоа го кажа и Лазаров пред извесен период. Ако нашите играчи одат за 3.000 евра во странство, а Загреб и Нексе Нашице им понудат толку, мислам дека тие сигурно ќе останат во татковината“, рече хрватскиот стратег.