Connect with us

Други спортови

Четири нови турнири на календарот на АТП

Уште четири турнири се дополнителни на АТП календарот за 2020 година, соопшти денеска здружението на професионални тенисери.

Статусот на турнирот АТО 250 го добија два турнири во затворен простор кои ќе се играат во Келн кон средината на октомври. Потоа, турнир на земја во Сардинија и турнир во сала во главниот град на Казахстан, Нур-Султан. Сите турнири ќе се играат во октомври.

„Додавањето нови турнири во календарот е позитивен чекор со оглед на многуте предизвици со кои се соочи нашиот спорт оваа година и затоа им благодарам на организаторите.

Нашата цел е да создадеме дополнителни можности за играчи и забава за навивачите на безбеден и практичен начин“, рече претседателот на АТП, Андреа Гауденци.

Така, тенисерите ќе имаат дополнителна можност да заработат од турнирски награди, но и со освојување бодови, ќе ја подобрат својата позиција на ранг листата.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com