Connect with us

Други спортови

Четирикратен светски првак загина на боиштето во Украина (ВИДЕО)

Виталиј Меринов, четирикратниот светски шампион во кик-бокс, починал во болница, откако бил ранет на линијата на фронтот минатата недела, пренесе Хина.

Меринов ѝ се приклучил на украинската армија како доброволец уште од првиот ден од војната. Во текот на борбите тој неколку пати бил ранет, но секој пат се враќал во неговата единица и десничарската паравоена организација.

Виталиј Меринов зад себе ги остави сопругата и двегодишната ќерка.

На веб-страницата на претседателот на Украина Володимир Зеленски е објавена петиција за постхумно доделување на титулата „Херој на Украина“ на Виталиј Меринов.