Connect with us

Други спортови

Четврта победа за Себастијан Леб

Французинот Себастијан Леб стигна до четвртата етапна победа на овогодишното издание на рели Дакар. Возачот на Пежо го обезбеди триумфот во вториот дел од етапата, која се возеше на релација од Сан Хуан де Маркона до Писко и беше долга 361 километар.

Лидерот во генералниот пласман Насер Ал-Атијах имаше солиден настап кој му донесе 24 дополнителни минути предност во однос на најголемиот ривал за севкупната победа Стефан Патерхансел, кој со многу проблеми ја заврши осмата етапа.

До крајот на релито остануваа две етапи на кои доколку Ал-Атијах не направи некоја катастрофална грешка ќе ја освои титулата.