Фудбал
Четвртиот план на УЕФА за завршување на Лигата на шампионите
Александар Чеферин јасно стави до знаење дека планот на УЕФА е да завршат сите клупски натпреварувања за оваа сезона до 3 август.
Многумина се заинтересирани за тоа што ќе се случи во Лигата на шампионите, а според неофицијалните информации, УЕФА има четири опции како да ја заврши сезоната во најелитното клупско натпреварување во светот.
Првиот план е натпреварите да се завршат во тековниот формат без навивачи. Први би биле четирите реванш натпревари од осмина финалето, Јувентус – Лион, Барселона – Наполи, Манчестер Сити – Реал Мадрид и Баерн – Челзи. После тоа следуваат четвртфиналето и полуфиналето со по два натпревари и финалниот натпревар.
Втората опција е „Фајнал-ејт“, односно најдобрите осум екипи да се собраа во еден град и да играат по еден натпревар во четвртфиналето, полуфиналето и финалето. Пред тоа, секако ќе се одигра реваншот од 1/8 финалето.
„Фајнал-фор“ е трета и многу полесна опција од втората, бидејќи четири екипи би се собрале во ист град. Ќе се одигра еден полуфинален натпревар и финалниот натпревар.
Четвртата опција е да се одиграат 11 натпревари за четири недели. Прво, би се избориле за осминафиналето, потоа по еден натпревар во четврт-финалето, полуфиналето и финалето.
Инаку, финалниот натпревар ќе се одигра во Истанбул.