Кошарка
Чикаго го отпушти генералниот менаџер по 22 години
Долгогодишниот генерален директор на Чикаго Булс, Гар Форман, е отпуштен од функцијата цели 22 години минати на тоа место.
Ова е уште една во низата одлуки со кои се потврдува дека франшизата започнала целосно обнова на Одборот, а наскоро и тренерот и персоналот на играчи.
Инаку, претходно имаше промена и на потпретседателската функција која му припадна на Артурас Карнишовас, кој официјално ја презеде функцијата по напуштањето на Денвер Нагетс.
Не треба да се исклучува можноста дека токму Литванецот е тој што стои зад оваа одлука, односно Форман да ја напушти функцијата по повеќе од две децении.
After 22 years in the Chicago Bulls organization, GM Gar Forman has been fired.
— Shams Charania (@ShamsCharania) April 13, 2020
Sport1.mk