Други спортови
Чилиќ смета дека времето на Федерер сè уште не е завршено
Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ смета дека Роџер Федерер сè уште не го кажал последниот збор во професионалниот тенис.
Федерер наскоро ќе наполни 39 години, неодамна претрпе операција на коленото, од која се уште закрепнува, а многумина веруваат дека ќе има тешко време да ги направи работите што ги правеше порано во кариерата.
Еден од оние што сè уште сметаат дека времето на Федерер не е готово е Чилиќ.
„Кога станува збор за Роџер, тој сигурно ќе го искористи максимумот од паузата како што правеше секогаш. Јас лично го видов Надал и него како изгледа на теренот после паузата. Да се потсетиме колку пати Надал се повредуваше и кога и да се вратеше тој ретко губеше од оние што не би требало да губи“, рече Марин, додавајќи:
„Особено Федерер често правеше паузи од два или повеќе месеци во текот на неговата кариера и секогаш ќе се враќаше во уште подобра форма“.
За време на неговата кариера, Чилиќ и тоа како осети колку добар е Федерер како тенисер, бидејќи Швајцарецот го победи двапати во финалето на Гренд Слем. Прв пат на Вимблдон и втор пат на Австралија опен.