Connect with us

Фудбал

Чини 40 милиони, но заборави да скокне и Челзи прими гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Челзи со 2:0 и се пласираа во осминафиналето за Лига купот во Франција. Еден од главните виновници за овој пораз беше Калиду Кулибали, а неговите постапки или поточно непостапувањето во една конкретна ситуација на натпреварот се главна тема за коментар во Англија.

Во 53. минута од натпреварот Сити имаше право на директен слободен удар. Ријад Махрез шутира, речиси сите на ѕидот на Челзи скокаат, но не и Кулибали. Топката отиде право над неговата глава и во мрежата на Челзи.

Всушност, настапот на Махрез не беше толку прецизен и да скокнеше дефанзивецот сигурно немаше да има гол.

Навивачите на Челзи го изразија својот револт поради ваквата постапка на играчот за кој Челзи плати 40 милиони евра на Наполи.

По тој гол постигна и Хулијан Алварез и така Сити го продолжи походот кон освојување на уште еден трофеј.