Фудбал
Чистка во Ливерпул, си заминуваат шест фудбалери
Раководството на Ливерпул планира да се раздели со шест фудбалери на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.
Станува збор за играчи кои не влегуваат во плановите на Јирген Клоп, а од друга страна му тежат на буџетот и со нивното заминувње клубот ќе ослободи финансиски средства.
Сигурно заминуваат голманот Адриан, кој во моментов има улога на втор голман, како и Марко Груиќ кој е на позајмица во Порто.
Голема е веројатноста да го напушти „Енфилд“ и Алекс Окслејд Чемберлејн, кој сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Вајналдум најверојатно на лето ќе го напушти клубот како слободен агент, а Шаќири и Ориги ќе бидат ставени на продажба.