Connect with us

Кошарка

Човек наречен магија: Погледнете што го погоди Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Далас Маверикс го победи Лос Анџелес Клиперс со 122-114 во натпревар од предсезоната.

Првата sвезда на Мавс, Лука Дончиќ не одигра премногу на овој натпревар. Одигра помалку од 18 минути, но постигна одличен учинок од 14 поени, девет асистенции и осум скока.

Сепак, навивачите на Далас се воодушевени од кошот што Лука го постигна на загревањето пред овој натпревар.

Тој со рамото ја испрати топката во кошот, а Мавс овој потег го нарече магија.

Лука Дончиќ влегува во својата четврта НБА сезона, а во претходните три играше навистина прекрасно.

Многумина ги стегнаа главите при неговите потези. Ги носеше Мавс на грб и има навистина феноменална статистика.

Така, прекрасниот Словенец има просек од 25,7 поени, 8,4 скокови и 7,7 асистенции по натпревар во кариерата.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама