Поврзи се со нас

Фудбал

Човекот кој направи физички ѕвер од Роналдо: Има само еден близу до Кристијано

Мик Клег е човек на кого треба да му се заблагодари Кристијано за фактот дека стана физички еден од најдоминантните фудбалери во светот.

Клег е заслужен џа тоа каков е Роналдо денес и тврди дека е единствениот близок фудбалер до него е Рајан Гигс.

„Пред Кристијано да се појави најдобар атлетик беше Рајан Гигс. Тој беше најсилниот и многу внимание посветуваше на деталите. Ако Гигс играше до својата 40 година во Јунајтед, Кристијано можеш да го стори тоа до неговата 41 година. Тој е единствениот кој може да го победи Гигс“, рече Клег, додавајќи:

„Тој ќе продолжи да ги надминува границите како Гигс. Тој ќе остане на врвот затоа што е опседнат да стане најдобар на сите времиња и верувајте ми дека ќе ги надмине 805 гола на Бикан“, рече тој.

„Роналдо работи напорно, но исто така е целосно посветен на своето здравје. Одмара и спие многу, знае како да избегне стрес и многу внимание посветува на деталите. Сите веќе го знаат тоа“.

Јозеф Бикан постигна 805 голови во својата кариера, Роналдо има 764 и целта е да стане најдобар стрелец на сите времиња.

loading...

Facebook