Фудбал
Човекот кој потроши милијарда евра на засилувања, се посрамоти како никогаш досега (ВИДЕО)
Пеп Гвардиола оваа сезона не успеа да го однесе Манчестер Сити до трофејот во Лигата на шампионите. Граѓаните беа сопрени од Реал Мадрид на неверојатен начин во полуфиналето, а откако неговиот тим на нереален начин испадна од Европа, Гвардиола имаше интересно ’патување’ на прес-конференција. Тој го спореди трошењето на парите на неговиот тим и неуспехот во Европа со трошењето на тимот на Рома.
-За мене ова не е прашање на пари, но навивачите тоа не го разбираат“, изјави Гвардиола, а потоа испука:
-И Рома потроши многу пари, но не е во Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.
Рома пред оваа сезона потроши нешто повеќе од 100 милиони евра на пет играчи, додека Сити само за Џек Грилиш потроши 117 милиони фунти.
Non capisco perché nominare la Roma e non il PSG 😏 #Mourinho #Guardiola pic.twitter.com/2KmR4pCYJB
— JAX (@IlJoker17) May 7, 2022