Connect with us

Други спортови

Човекот пред кој сите трепереа ја искина вреќата и му порача на противникот: Сакам да ти ја отсечам главата! (ВИДЕО)

Новата Ѕвезда на УФЦ, Хамзат Чимаев, ќе го има најголемиот предизвик во кариерата на 14 март против Леон Едвардс.

По закрепнувањето од коронавирусот, чеченскиот ѕвер жестоко се подготвува за овој натпревар и има само една цел – да ја продолжи серијата победи.

Чимаев постојано испраќа гласини дека ќе го скрши Едвардс. Сега тој му испрати порака на друг начин, кинејќи ја вреќата на тренинг.

“Сакам да го скршам. Сакам да го уништам. Сакам да му ја отсечам главата”, рече Чимаев на видеото.

Чеченскиот борец има 9-0 во кариерата, додека Едвардс има 18-3.