Фудбал
Чудна понуда за Ибрахимовиќ, Швеѓанецот со нова дестинација?!
Златан Ибрахимовиќ е веројатно едно од најоспоруваните имиња во последно време, при што Швеѓанецот се очекува да најде нов клуб и да ја напушти Америка.
Се шпекулираше за многу европски клубови, но неодамна се појави изненадувачко име. Станува збор за Перт Глори, австралискиот тим кој игра во А-лигата.
Водачите на Перт Глори му испратија чудна понуда на Ибра, барајќи од него да биде дел од само шест натпревари. Значи, прилично краток договор, каде Ибра треба да игра од ноември до јануари.
Првиот натпревар на Златан во дресот на Перт Глори би можел да биде на 23 ноември против ФК Сиднеј. Предлогот е на бирото на Златан, се чека неговата одлука.