Connect with us

Фудбал

Чудни се патиштата на судбината, во 2016-та го држеше за рака како детенце, а синоќа Серхио Рамос по неговиот центаршут си постигна автогол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона ја победија Севиља со 1:0 на Монжуик, нивниот привремен дом, во првиот натпревар од осмото коло на шпанската Ла Лига. Никој друг туку Серхио Рамос, легендата на Реал Мадрид и омразен лик во Каталонија, кој си постигна автогол во 76. минута, му донесе три бода каталонскиоот тим. Барса сега е лидер на табелата со 20 бодови, има бод повеќе од Жирона и два од Реал, но и меч повеќе од овие две екипи, кои ќе се сретнат меѓу себе во ова коло. Севиља е на 12. позиција со седум бодови.

Рамос голот го постигна по центаршутот на младиот играл Јамал. Медиумите во Шпанија веднаш потсетија на 2016-та и Ел Класико. Интересно е тоа што Јамал на тој меч како детенце беше придружба на Серхио Рамос. Синоќа, токму по неговиот центаршут, искусниот дефанзивец постигна автогол.