Connect with us

Други спортови

„Чувствував дека против секој можам нешто, но против Ѓоковиќ се чувствував како аматер“

Холандскиот тенисер Робин Хас, кој своевремено беше 33-ти играч на светот, го пофали Новак Ѓоковиќ, велејќи дека ова е тенисер кој нема никакви недостатоци и е најтешко да се игра против него.

Хас играше само три пати против Новак, но се чини дека неговите натпревари беа доволни за да добие „трауми“ од првиот рекет во светот. Вели дека се чувствувал како аматер против него.

„Најтешко е да се игра против Ѓоковиќ. Без сомнение. Се чувствувате како аматер против него. Никогаш не сум бил близу до сет во дуели со него. Тој нема слабости. Се чувствував против другите на моменти дека може да им се заканам, но против него немав идеја што да прави“, вели Хас.

Инаку Ѓоковиќ беше незапирлив пред прекинувањето на тениската сезона. Тој имаше низа од 18 победи и освои два турнира.

Тенисот беше суспендиран до 13 јули поради пандемија на коронавирусот.