Connect with us

Фудбал

„Да му дадам на Алексис повеќе да игра? Се смеам кога ги слушам овие сра*а“

Интер вчера ја совлада Бреша со 6:0, а Алексис Санчез запиша две асистенции и гол од пенал. По мечот, новинарите ги интересираше зошто Алексис не игра повеќе, а Конте жестоко возврати.

-Да му дадам на Алексис да игра повеќе? Како мислите да му дадам повеќе да игра? До сега ги одигра сите мечеви кои можеше да ги игра. Проблемот е што порано го немавме на располагање поради повреда. Се смеам кога ќе слушнам такви сра*а“, вели Конте.

Подоцна зборуваше за квалитетите на Чилеанецот.

-Го донесовме Алексис со цел да го зголемиме квалитетот во нападот на нашиот тим. Тој не е истиот играч кого го гледав во Англија, но се наоѓа на вистинскиот пат. Гледам дека секој ден работи многу напорно, вели Конте.

Статистички гледано, Алексис Санчез има лоша сезона. Досега постигнал само два гола во сите натпреварувања и тоа еден од пенал. Запиша вкупно 20 мечеви.