Connect with us

Кошарка

Да завршам со НБА, па се враќам во Реал (М)

Шпанскиот кошаркарски гигант, екипата на Реал Мадрид, секогаш ќе има посебно место во срцето на Лука Дончиќ, а за тоа најдобро говори неговата последна изјава која ја даде за „Кадена Копе“.

  • Секогаш велев дека ми недостигаат луѓето во Мадрид. Тоа е вистина. Соиграчите, физиотерапевтите, тренерите, сите вработени во клубот… Имавме одличен однос едни кон други. Кога ќе завршам со НБА лигата, ќе бидам среќен доколку се вратам во Реал Мадрид, откри Дончиќ.

Дончиќ го пропушти првиот натпревар од почетокот на сезоната, но и без него, екипата на Далас славеше против лидерот во Западната конференција, тимот на Лос Анџелес Клиперс со 114:110.

Во претходното интервју Лука призна дека би сакал да им помага на младите клошаркари од шпанскиот клуб кога ќе ја заврши својата играчка кариера.

Инаку Словенечкиот кошаркар беше прогласен за најдобар дебитант на Западот за минатиот месец. Тоа е прво негово индивидуално признание, благодарение на одличните партии во кои бележи во просек по 19 поени, седум скокови и честири асистенции.