Connect with us

Други спортови

Дагестанската машина пред која треперат сите: Пријателот и ученикот на Хабиб на пат кон тронот

Ислам Махачев на 22 октомври во Абу Даби ќе има можност да стане шампион на УФЦ во лесна категорија.

Прекрасниот Дагестанец, чиј ментор и тренер е Хабиб Нурмагомедов, е противник на неодамнешниот шампион Чарлс Оливеира, а сигурно не чека вистински спектакл на двајца навистина феноменални борци.

Махачев е уверен дека ќе стане нов шампион. Јавно го откри и планот по кој ќе се одвива тепачката.

„Првиот круг е загревање. Во вториот круг ќе го однесам во „длабока вода“, а во третиот круг, иншалах, работата е завршена. Едвај го чекам 22 октомври“, рече Махачев.

Легендарниот Хабиб Нурмагомедов верува дека Оливеира нема ни да се појави во Абу Даби и дека Бенеил Дариуш ќе скокне во борбата.

 

„Убеден сум дека Чарлс Оливеира нема да се појави во Абу Даби и дека УФЦ ќе го замени со Бенеил Дариуш. Без разлика кој е противникот, Ислам Махачев е на пат да стане најдобар во светот.

Чарлс Оливеира е во победничка серија од 11 борби. Тој стана шампион во мај минатата година, имаше една успешна одбрана на титулата, но остана без неа откако падна на вагата пред мечот со Џастин Гетје.

Серија од 10 победи има и Ислам Махачев. Тој се смета за наследник на Хабиб Нурмагомедов, но за разлика од Орелот, тој има еден пораз во кариерата.

Во 2015 година беше добро погоден од Адријано Мартинс, судијата можеби пребрзо ја прекина борбата и тоа е единствениот пораз на овој феноменален борец со 22 победи.

Оливеира има 33-8-1 во кариерата.