Фудбал
Даглас Коста доби дозвола од Јувентус да бара нов клуб
Бразилскиот фудбалер Даглас Коста скоро сигурно ќе го напушти Јувентус на крајот на оваа сезона.
Коста оваа сезонаја немаше минутажата што ја очекуваше од Маурицио Сари, а има одиграно само 14 натпревари во Серија А. Бразилецот има многу проблеми со повредите и затоа е оставен во втор план во составот на Јувентус.
Италијанските медиуми веќе некое време пишуваат дека Коста ќе го напушти Јувентус на крајот на оваа сезона, бидејќи тој сака да замине во клуб каде ќе има повеќе простор за играње.
Јувентус, наводно, е свесен дека Коста не е задоволен од неговата ситуација, па му било порачано дека ќе може да бараат нов клуб во текот на летото. Бразилецот ќе замине на трансфер-листата, а цената која ќе ја побара Јувентус се уште не е позната.
Манчестер Сити веќе покажа интерес за него, а наводно Реал Мадрид и Барселона би можеле да бидат вклучени во борбата за Коста.