Connect with us

Фудбал

Даглас Коста со гол во 93. минута го носи Јуве во следната фаза од Лигата на шампионите

Јувентус со 2:1 го совлада Локомотив Москва со голот на Даглас Коста во последните секунди од натпреварот. Со овој резултат, Јуве оди има 10 бода и обезбеди место во нокаут фазата.

Јувентус го започна натпреварот на најдобар можен начин. Голманот Гилхерме не успеа да го скроти најдобро слободниот удар на Кристијано Роналдо, затоа што топката помина низ неговите нозе, а таму беше Ремзи кој се ја турна топката во голот и на тој начин го „украде“ голот од португалскиот напаѓач.

Како и да е, Локомотив не престана да напаѓа и во 12. минута Миранчук го изедначи резултатот на 1:1. Русите играат подобро од Јувентус, создавајќи повеќе шанси за гол.

По паузата, Локомотив имаше неколку добри шанси за да ги казни „Бјанконерите“, но среќата не беше со нив, а непишаното правило на фудбалот јасно кажува дека ако не постигне гол од одлична шанса, тогаш ќе примите.

Даглас Коста го казни Локомотив со својот гол во судиското надополнување и го носи Јувентус во нокаут фазата.