Connect with us

Фудбал

Дали Барселона ќе мора да бара нов голман во јануари?

Барселона би можела да бара нов голман во јануари.

Имено, резервниот голман на каталонскиот клуб Нето изрази желба да го напушти клубот во првиот месец од 2022 година и да се пресели некаде каде што ќе добие повеќе шанси за настап.

Оваа сезона бразилскиот голман одигра само два натпревари за „блауграна“ од вкупно 19, кои ги собра откако пристигна од Валенсија за околу 35 милиони евра во 2019 година.

Секако дека би морал да се согласи на намалување на платата бидејќи тешко ќе се најде клуб кој ќе му ги понуди условите кои ги има во Барселона.

Она што му оди во прилог е тоа што има италијанско државјанство, а не е странец во Европската унија, што секако е олеснителна околност за него и за клубот во кој евентуално би заминал.

32-годишниот голман има договор со Барселона до летото 2023 година, па Барселона би можела да заработи на неговата продажба доколку не биде договорен раскин на соработката.

Да потсетиме, Нето пристигна во Европа во јануари 2011 година од бразилскиот Атлетико-ПР кога ја засили Фиорентина. Во Виола остана до летото 2015 година, по што помина две сезони во Јувентус и Валенсија.

Треба да се спомене и дека Нето летово беше на прагот да ја напушти Барселона кога требаше да потпише за Виљареал, но на крајот трансферот во Жолтата подморница не се оствари.

Реклама

Facebook

Реклама