Connect with us

Тајмаут

Дали докторот на Марадона направи клучна грешка кога повика брза помош?

Иако поминаа три дена од неговата смрт, Диего Марадона се уште е главна тема во светските медиуми.

Марадона почина во својот дом откако беше пуштен од болницата, а неговиот адвокат рече дека брзата помош доцнела.

Сега причината е утврдена. Имено, д-р Леополд Лук не изјави за кого станува збор за време на повикот.

„Можете ли да испратите брза помош до квартот Сан Андрес“, праша Лук.

Тој изјави дека на 60-годишен човек кој има проблеми со срцето му е потребна лекарска помош, но тој не посочи дека станува збор за Марадона, што секако би значело многу понавремена реакција.

Направен е пропуст, но големото прашање е, покрај сè, дали легендарниот Аргентинец сепак би бил спасен.

Facebook